ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД КИЧЕВСКАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА

Изложба на 30 дела од кичевската ликовна колонија ќе биде отворена вечерва од 19.30 часот во ликовниот салон на ЦК ,,Марко Цепенков,,. Ќе се претстават уметници од земјава и странство, кои сликаа на 23-то издание на колонијата. Меѓу дваесетината уметници од повеќе земји, учествуваше и прилепскиот уметник Тони Чатлески.

Ќе се видат различни светови и индивидуални пристапи на ликовните образци на уметниците.

– Преку својот ликовен говор, творците се обидуваат да воспостават  нова врска меѓу духот и сопственото време и да ја откријат и непознатата страна на вистината. Станува збор за комуникација или нова визуелна размена на мислења преку делата во акрил на платно, масло на платно, комбинирана техника, како и скулптури од метал и од дрво – велат организаторите на колонијата.

Loading