СО КУП НАГРАДИ ОД СТРАНСТВО

Музичкото училиште „Ордан Михајлоски – Оцка

Selfi po nastapot po povod Denot na pijanoto

Filip Gjorgioski i mentorot Najdoski - pobednici na natprevarotНа меѓународниот фестивал во Аранѓеловац, Србија, учениците од музичкото училиште се натпреваруваа со ученици од Србија, Босна, Хрватска и Словенија и освоија низа награди. Прва награда доби Анастасија Петреска од класата на проф. Киро Гаралоски и Филип Ѓорѓиоски од класата на проф. Денис Најдоски во категорија пијано. Втората награда е за Ангела Иваноска и трети награди за Деспина Јованоска и Климентина Котеска од класата на проф. Леонарда Богданоска – Гиноска во категорија соло пеење.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во ЦК “Марко Цепенков” училиштето организираше концерт насловен – Барок – музиката на едно време Учениците се претставија со прекрасни изведби на задоволство на публиката.

Prva nagrada za Anastazija i menorot GaraloskiВторпат се одржа концерт во чест на Светскиот ден на пијаното. Учениците свиреа на новото пијано. Новиот инструмент им легна на вештите прсти успешно да го претстават својот дар надграден со стручната поддршка на наставниците. Благодарение на сите оние кои несебично донираа во купувањето на инструментот и на локалната самоуправа, музичкото училиште достојно го одбележа денот посветен на „кралот” на инструментите. Настапот го крунисаа со селфи фотографија заедно со  директорот Игор Николоски кој е горд на успесите на учениците.

Loading