ПРЕВИСОК ПОРАЗ

Одбојка

Екипата на 11 Октомври не успеа да го помине баражот во рамките на Кадетската одбојкарска лига на Македонија во женска конкуренција. Во салата од СОУ ,,Ѓорче Петров” доживеан е пораз со 0-3 од тимот на Фит фан волеј од Скопје. Меѓутоа, во сите три сета домашниот тим имаше шанса за позитивен резултат и оттука крајниот исход е нереален. Во пресудните моменти направени се грешки и со тоа овозможено на противникот да се радува. Очигледно, покрај напорните тренинзи, недостасуваа контролни дуели.

Победникот Фит фан волеј ќе игра со Јанта волеј. 

Loading