ДРЖАВНО МЛАДИНСКО ПРВЕНСТВО

Пинг-понг

Настан за промоција на пинг-понгот е претстојното Државно младинско првенство в недела во СОУ ,,Добре Јованоски”. Се очекува учество на околу 50 пингпонгари. Единствен прилепски претставник е Александар Рикалоски (Младост 96), претендент за највисок пласман. Се очекува да биде меѓу тројцата најдобри. Поради првенството, викендов е пауза во Супер лигата. Претходното коло имаше одлична игра на Младост 96 со триумф од 4-5 на гости кај Вардар (по една победа на Штаргоски и Рикалоски, три на Стомнароски). Следното коло, на 9 април, е градското дерби со Младост.

В четврток е Светски ден на пинг-понгот, со неколку маси за игра на Плочникот.

Loading