Историја
На 16 декември 1984 година се случи историски настан за нашата гимнастика. Во Универзалната сала се одржа врвна приредба во акробатска гимнастика, во изведба на кинески репрезентативци од Покраината Џјанг Си. Пред рекорден број гледачИ, тие ги покажаа сите свои квалитети, демонстрирани претходно и на најголемите меѓународни натпреварувања. Се работеше за гимнастичари од светски ранг, носители на медали. На Светското првенство во САД, репрезентацијата на Кина го освои првото место, пред СССР и Бугарија. Поради необезбедени 90, туку 60 душеци, настапија со редуцирана програма: двојки машки, тројки женски и четворки машки. Селекторот Бао Кси Нон даде насоки за развој на овдешната гимнастика.
– Можете да имате многу пари, голем интерес од младите, но најважно е да имате база, тренери – порача Кси Нон.