ПОБЕДОНОСНАТА СЕРИЈА ПОЧНУВА ОД БРЕГАЛНИЦА

Фудбал: Зоран Штерјовски, тренер на Победа

– Публиката е за пофалба, а таквиот нејзин коректен однос ни одговара – вели стратегот

Ubavo e pred mnogu publika na   Mogila

По ремито (1-1) на Победа дома со Шкупи, имаше пауза, а од недела (15 ч. на Могила) стартува серијата од три прволигашки меча за седум дена. Прво е дуелот дома со последната Брегалница, в среда е гостувањето на претпоследната Македонија ЃП, а наредната недела пак дома, со третопласираното Работнички. За актуелностите одговара тренерот на Победа, Зоран Штерјовски.

Како ја поминавте паузата?

– Малку го нагласивме физичкиот план, но работевме и тактика. Екипата е добро подготвена за наредните дуели, од кои првиот е против штипјаните.

Споредба на двата меча, Шкупи и Брегалница?

– Поголема е тежината против Брегалница. Императивот е сега присутен, бидејќи испуштивме победа со Шкупи. Немавме среќа иако притискавме, а во дадени мометни не бевме како што треба во нападот.

Кои грешки не треба да се повторат?

– Генерално грешките се кога противникот ги има тие ситуации од прекин. Во играта не покажавме слабости. Противникот беше во подредена ситуација и кај нас беше топката. За разлика од есенскиот дел, имаме друг проблем, при што примивме дури четири гола.

Ваш совет?

– Треба да бидеме мошне сериозни, бидејќи тоа нé чини бодови. Ако играта е изедначена, само преку тие ситуации може да се отвори резултатот и во наша полза, а како што видовме и во полза на противикот. Кога се прима гол на таков начин, притисокот е поголем, противикот станува поорганизиран во одбраната и потешко се доаѓа до шанси.

Брегалница?

– Екипа на дното од табелата, но не е за потценување. Има квалитет. Го сменија тренерот и се надева дека тоа ќе донесе позитива. Не смееме да се залажуваме дека ќе биде лесно в недела. Видовме дека Пелистер и Вардар се намачија со нив.

Каков е теренот на Могила?

– Димензиите се исти како на Градски, но квалитетот не е добар. Тоа е важно за нас како домаќини, за градење акции и за напаѓање. Веќе се преземаат мерки на тој план и се надевам дека ќе биде подобар отколку пред две недели.

Публиката?

– За пофалба, И од Шкупи се чудеа како беа пречекани и испратени. Таква публика ни одговара. Да нема причина за казни. Затоа што секоја казна најмногу е врз екипата, фудбалерите.

Составот?

– Штета што Димитриоски ја обнови повредата. Сите други се здрави и на располагање.

Loading