ПОУКА ОД ПРЕТСТАВА ЗА МРЗЕЛИВИТЕ

СОУ „Ѓорче Петров

Humanitarna pretstava na SOU Gjorce Petrov

На покана на соученичките, Марија Миноска и Тијана Манџикоска, волонтери во Црвениот крст, драмската секција на СОУ ,,Ѓорче Петров” ја изведе претставата ,,Луда куќа”. Настанот имаше хуманитарен карактер, затоа што средствата од продадените влезници беа донирани за семејство во ризик.

На хумористичната, но и поучна претстава, во која се раскажува за мрзеливите луѓе, најмладите се смееа и извлекуваа поуки во животот. Публика, им беа учениците од основните училишта „Кочо Рацин” и „Гоце Делчев”.

– Посебно доживување беше детската, искрена смеа, аплаузите и восхитот на нашите мали ученичиња. И ним им посакуваме еден ден да бидат дел од нашето несекојдневно задоволство – вели Билјана Тинтоска, проф. по македонски јазик во СОУ “Ѓорче Петров”.

Сценариото за интересната комична претстава беше на поранешниот ученик Филип Стојаноски. 

Loading