ПОФАЛБИ ОД СЕЛЕКТОРОТ

Najmlada reprezentativka - Irina   JovanoskaСтрелаштво

На Вториот државен куп за пионери во Штип пак блеснаа членовите на клубот Стрелец. Лазар Лазарески беше втор со 171 круг, а Ирина Јованоска првопласирана со 174 круга, само два помалку од сопствениот рекорд. Од резултатите се задоволни тренерот Славчо Трајкоски и претседателот Гоце Ѓорѓиоски, а мошне е важно стручното мислење на селекторот Јордан Тасевски, кој во 13-годишната Јованоска гледа идна репрезентативка, со можност наскоро да ги брани боите на Македонија.

– Пет години сум во овој спорт и успевам да бидам на врвот, наспроти тешките услови. Со клупските другари тренираме во стрелиште каде растојанието до целта е два метра покусо, а пушката е стара. Ако условите се подобрат, ќе се движам побрзо кон целта, односно кон остварување на мојот сон – олимпијадата – вели Јованоска.

Претстои уште еден куп и Државното првенство.

Loading