ГОСТИНКИ НА ВАРДАР

Ракомет жени

Спомнувањето на името Вардар, доволно зборува за колку силен противик се работи, во кој било спорт. Така е и сега, пред гостувањето на Прилеп во Скопје. Иако Вардар е всушност вториот тим на клубот, сепак табелата е репер за силата на домашните ракометарки. Од друга страна, гостинскиот состав на тренерот Рубин Богојески има свои квалитети и може да се бори за изненадување. За потсетување е тоа што и лидерот Металург за ,,влакно” избегна пораз, така што однапред не се одзема шансата на прилепчанките. Нема што да загубат, а можат многу да добијат на вакви дуели. Дека Прилеп е во добра форма покажа на последниот првенствен меч пред две недели, кога со 37-25 го растури соседскиот ривал, Пелистер.

Табела: Металург 39, Вардар 36, Куманово 30, Прилеп 18, Овче Поле 12, Гевгелија 9, Пелистер 6.

Loading