СКРОМНА ПРОЛЕТ

Трета

Есенскиот дел од Третата лига – Југ одвај доби преодна оценка, а за резултатите на прилепските претставници во пролетниот дел може да се констатира дека се прескромни. Екипата на Партизан Обршани  и покрај головите на Стефан Тодоровски и Мартин Ефтинџиоски, дома загуби со 2-3 од Победа Валандово. Можност за поправање е гостувањето на Зорбас Победа. И Големо Коњари дома загуби (0-1) од Борец, а в недела е гостин на Напредок во Крушеани. Питу Гули в недела ќе гостува на Борец.

Табела: Кожуф 45, Борец 35, Победа 33, Превалец 32, Напредок 30, Гемиџии и Партизан 23.

Loading