ДАДОА 39 ГОЛА И – ЗАГУБИЈА

Ракомет

Одлучувачкиот натпревар за конечниот пласман во оваа сезона од Супер лигата се одигра во Велес. Екипата на Прилеп прикажа борбена игра, ефикасна, сепак загуби. Не се памети кога на гости биле постигнати дури 39 гола, а притоа тие да не бидат доволни да се избегне поразот. Домашниот состав даде два повеќе и конечниот резултат е 41-39 за Борец. Ако се погледне движењето на резултатот, јасно е дека периодот од средината на вториот дел е клучниот. Тогаш на велешаните им успеа да поведат со седум гола разлика, а до крајот прилепчаните само се доближија и го ублажија поразот. Најефикасни: Орјоникидзе и Бозароски со по 9, Јанчев со 8 и Тренчевски со 6 гола. Шансите за плеј-офот се загубени и Прилеп нема да го повтори успехот од претходните сезони. Тоа не е никаква штета, ако се знае дека приоритет е давање шанса на младите, а тоа ќе биде најпогодно токму во плеј-аутот што ќе претстои. Претходно е последниот натпревар од основниот дел на првенството, дома со Металург 2.

Табела: Охрид и Пелистер 40, Еурофарм 37, Борец 29, Радовиш 25, Прилеп 23, Пролет 22, Металург 2 – 18, Вардар ј. 14, Работнички 0.

Loading