СКОК НА ПЕТТО МЕСТО

Пинг-понг

Пингпонгарите на Младост 96 постигнаа уште една, многу важна победа. Дома, пред рекордни над 40 гледачи, со 5-3 го совладаа Телеком Скопје. По две партии добија Александар Рикалоски и Антонио Стомнароски, а една додаде Александар Штаргоски. Опстанокот е на повидок и може да се оствари веќе во наредното коло, на гости кај Вардар.

Вториот прилепски суперлигаш, Младост, со 5-2 загуби од Гоце Делчев во Штип. Наредново коло е домаќин на Телеком.

Табела: Гоце Делчев 20, Работнички 18, Вардар и Шампиони ФА 12, Младост 96 – 6, Радовиш, Младост и Телеком по 4.

Loading