„НОКАУТ“ МЕЧ ВО МЕДИЦИНСКО

Одбојка

Ретко се случува одбојкарски настан во градов, а в недела (12 ч.) во салата од СОУ „Ѓорче Петров“ има привлечен натпревар во рамките на Младинската одбојкарска лига на Македонија во женска конкуренција. За надежната екипа на ЖОК 11 Октомври претстои ,,нокаут” меч со екипата на Фит фан волеј од Скопје. Според пропозициите, овој натпревар ќе се игра до три добиени сета, така што извесна е исцрпувачка борба за постигнување победа. Само победникот ќе се пласира понатаму, во завршницата од ова натпреварување. Домашните долго се подготвуваа, ветуваат максимално залагање и веруваат во победа. Сите адути на двете екипи се скриени, бидејќи првпат се среќаваат меѓусебе и воопшто не се познаваат.

Во следниот круг чека тимот на Јанта волеј од Скопје.  

Loading