ПРОЛЕТЕР РАМЕН НА МИОКИ

Џудо

Во салата „Ричко“ љубителите на Џудото цел ден уживаа во борбите од Државното првенство за сениори и пионери, организирано од Џудо федерацијата и клубот Бушидо. Во највозрасната, сениорска конкуренција се покажаа членовите на Пролетер, кои според освоените четири први места се еднакви на скопскиот Миоки. Шампиони станаа Никола Велески, Борче Ангелов, Владимир Стојаноски и Теодора Димеска. Одлични настапи во оваа категорија имаа и џудистите на Сеишин со две шампионски места на Бобан Глигуроски и Александра Најдоска. Клубот Бушидо, покрај одличната организација, освои и два сениорски медала – сребрен за Теодора Ристеска, бронзен за Марија Талеска.

Медали беа доделени и во категоријата пионери.

Loading