ЧАС ПО НАВИВАЊЕ

Фудбал

Moment od mecot Pobeda - Skupi

Натпреварот Победа – Шкупи (1-1) беше од големо значење, ако се имаат предвид бодовите, потребни за конечниот пласман, во борбата за опстанок. Уште позначајно беше однесувањето на актерите во теренот и на публиката на трибините. Присуствувавме на час по навивање од 1.500 гледачи, пример како треба да изгледа еден спортски настан на ниво од цивилизациските достигнувања. Само песни, знамиња, навивање со бодрење на домашните и ниту еден погрден збор кон гостите или судиите. Шведска фудбалска публика. Така треба секогаш, со добро да се пречекаат и испратат гостите, за истото со чист образ да се очекува на гости во Скопје и останатите градови. Следниот меч е пак дома, на 2 април со Брегалница.

Табела: Вардар 53, Шкендија 47, Работнички 39, Пелистер 36, Ренова и Силекс 31, Шкупи 22, Победа 20, Македонија ЃП 16, Брегалница 12.

Loading