СААТОТ ВО ЦРВЕНО И ЖОЛТО

Oboen  gradskiot sat vo crveno i   zoltoСо црвено – жолтото платно на Градскиот саат се праќа пораката за заштита на унитарноста на државата. Членовите на Здруженијата „Пере Тошев” и „Прилепски бранители” симболично го обоија паметникот на Прилеп. Според нив, нема да дозволат никој да ги наруши унитарноста, јазикот и сувереноста на Македонија.

– Ние сме за заедничка Македонија и нема да дозволиме некој да ги нарушува унитарноста, јазикот и сувереноста на Македонија. Ги повикуваме градоначалниците да го истакнат македонското знаме на улиците и на институциите, а граѓаните пред домовите. Ние не сме насилници. Нема да им дозволиме на политичарите со некакви договори да си играат со националните интереси на државата. Остануваме до крај да ги одбраниме – изјави Ивица Ангелески.

Мирните протести на иницијативата “За заедничка Македонија” се одвиваат секоја вечер од споменикот Прилепски бранители до споменикот Карпалак. 

Loading