„ЗАСАДИ ДРВО, ЗАСАДИ НАДЕЖ“

Seke vo ekoloska misija

Компанијата СЕКЕ со седиште во Прилеп и годинава продолжи со активностите за заштита на животната околина и зачувување на биодиверзитетот. За денот на пролетта, 21 март, компанијата донираше садници и организираше акција за пошумување, во која, покрај вработените, учествуваа и работниците од локалната самоуправа на Крушево, ученици од ОУ ,,Никола Карев,, ЈП Липа, и Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите. Се озелени со млади фиданки голината во месноста Бела Вода кај Крушево. Садници со корени на млади дрвца се закопаа в земја во училишниот двор во селото Врбоец.

Loading