СО ПЕСНАТА „ЉУБОВ“ ПОБЕДИ МЕЃУ 1 500 ТВОРБИ

Бистра Кондоска од „Кире Гаврилоски-Јане

Vtoro mesto za mladata poetesa Bistra Kondoska

Ученичката Бистра Кондоска, од 7- мо одделение од ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ учествуваше на четвртиот меѓународен фестивал на деца поети “Алекса Шантиќ”,  каде меѓу 1 500 творби со песната “Љубов” го освои второто место. Фестивал го организирал директорот на организацијата “Српско Просветно и Културно Друштво” (Просвета, Мостар) , Горан Косаниќ.

– Фестивалот постои да се одбележи смртта на големиот мостарски поет Алекса Шантиќ. Во конкуренција од над 1500 испратени творби, успеав да влезам во 15 финалисти со моите песни “Крај прозорецот”, “Осамена” и “Љубов”. Го освоив второ место со песната “Љубов” – вели Кондоска.    

Успехот на младата поетеса беше под менторство наставничките Сузана Николоска и Калина Стојаноска. 

Љубов

 

Љубовта е силата на човештвото,

Љубовта е моќ што ги прави луѓето посебни,

Што ги прави толку цврсти и издржливи,

Што можат да го извајаат одликот на светот

Или пак што можат да го раскршат.

 

Љубовта е како Месечината,

Секоја темна и долга ноќ

Умее да ја осветли,

Еден и единствен пат се раѓа

А другите илјада

Се само огледала на вистинската.

 

Љубовта е пламен,

Пламен што постојано се разгорува,

Пламен што страствено танцува,

Но во еден момент згаснува,

Срцето се задушува од тој чад,

И од студ замрзнува.

 

Љубовта е како морето,

Те разбранува, те разнежнува;

Ги затвораш очите

И кога ќе ги отвориш

Околу себе гледаш густи бранови,

Решени да те удават,

Но ти не се откажуваш

И продолжуваш да пливаш

Во немирните води.

 

Љубовта е како последна капка вода

Што може да ти се слизне од раката

И да изгубиш контрола,

Но може и да ја испиеш

И вечно да остане во тебе

Да ти ја краси душата и да те охрабрува

Да продолжиш понатаму.

Loading