КАРНЕВАЛОТ ПРОЧКА НА 25 И 26 ФЕВРУАРИ

sabota-2017

Сé е подготвено за 16. издание на Карневалот Прочка, кој годинава ќе се одржи на 25 и 26 февруари. Идниот петок, на 24 февруари, манифестацијата стартува со изложбата на рачно изработени традиционални маски од учениците од прилепските училишта во ликовниот салон на ЦК ,,Марко Цепенков,,.

Во саботата, на 25 февруари ќе се одржи првата меѓународна конференција на тема  ,,Обреди и фестивали под маски на Балканот-традиција, состојба, тенденција,,. Потоа на плочникот ќе дефилираат во маски најмалите и децата до 14 години на детскиот карневал.

Главните активности за карневалот се во недела на 26  февруари од 13 до 15 часот кога ќе се случи карневалското дефиле на годинашните учесници.

Loading