Изложба на 20 слики од 20 уметници од земјава и странство од 17 ликовна колонија Нижополе, Битола ќе биде отворена вечерва во 19 часот во ликовната галерија од ЦК ,,Марко Цепенков,,. Делата се создавани на Пелистер во јули 2016 година.
Ќе може да се види дел од ликовното творештво на Павле Кузманоски, Данчо Ордев, Илија Кочоски, Владимир Темков, Ниче Василев, Андријана Мациев од Македонија, Лукаш Зедлевски од Полска, Ивана Кики Јаковлевиќ и Драгана Тошиќ од Србија, Емилија Варбанова и Арт Сил од Бугарија….