ПОЛУГОДИШНИ ПРЕТСТАВИ НА МДС

MDS so nova pretstava

Училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“  при ЦК „Марко Цепенков“ почнува со изведби на полугодишни претстави, кои се резултат на четиримесечното работење на театарската школа. Најпрво ќе се претстават најмладите од 6 до 10 години кои во Киното Мис Стон од 19 часот на 23 февруари ќе ја прикажат ,,Веселата приказна,, драмски текст кој е резултат на имагинацијата на децата. Следната недела, односно на 28 февруари средната група од 11 до 14 години, ќе ја прикаже претставата ,,Монолози на еден тинејџер / Хистерична историка на тројанската војна,, која е комбинација од монолози и од пародија од Хомеровата ,,Илијада,,.

– Училиштето за театар придонесува за развој на театарската писменост на младите во градов. Имаме 30 членови на возраст од 6 до 25 години. Наставата ја изведуваат професионални режисери, актери, кореографи, композитори да се обезбеди адекватно и професионално педагошко методолошко образование од областа на театарот – велат од ДС.

Паралелно се подготвува и театарската претстава ,,Лет во место,, од Горан Стефановски, што премиерно ќе биде прикажана во почетокот на април. Актерот Марјан Чакмакоски ќе режира претстава, а со тоа ќе се заокружат активностите за одбележување на 10 годишнината на ДС ,,Театар 4 Сцена 5,, при ЦК,,Марко Цепенков,,.

Loading