ГРАДОТ НА ТУТУНОТ ЈА НЕГУВА ТРАДИЦИЈАТА НА ЛОЗАРИТЕ

За Свети Трифун

Sv. Tripfun gi sobra radobilci od cela zemja

Со традиционалното закројување на лозјата кај параклисот посветен на Св. Трифун, кај месноста Склештен мост и на лозјата кај селото Големо Радобил е одбележан православниот празник Св. Трифун, познат како заштитник на лозарите. Во знак  на празникот и винарската визба Пирган имаше промоција на млади вина.

Кај Склештен мост домаќин беше организацијата на жени Мајка Традиција.

-Многу сме горди што сме домаќини. Бидејќи никој не се пријави и в година ќе бидеме домаќини – рече Љубица Петреска.

Во присуство на многу посетители и исселени од Големо Радобил, а потекнуваат од селото, годинава првпат се празнуваше денотна лозарите.

– Селото отвора културна традиција која нашите дедовци ја негувале. И се организиравме на веселба, заеднички ручек и закројување на лозјата. Сакаме овој адет да го пренесеме на нашите деца. Радосоен сум што се собравме многумина – рече еден од домаќините.

Na zdravje za idnina na vinarstvoto -Pirganoski i Risteski

Градоначалникот, Марјан Ристески, посака многу здравје и среќа, а лозарите да имаат добар род и бериќет оваа година.

– Тројачкиот регион е познат по сончевите денови и плодната почва. Надалеку се познати виното и ракијата произведени од лозите во овој крај – изјави Ристески.

Винаријата Пирган, која постои од 2003 година, организираше дегустација и презентација на своите вина и капацитети.

– Капацитетот изнесува 15 хектолитри. Годишно откупуваме 500.000 килограми грозје. Од прилепско е 10 до 20 проценти од грозјето. Технологијата е француска, а произведена во Бугарија. Готовото вино го пласираме за Србија, Албанија и Македонија – изјави Златко Пирганоски, сопственик на винарската визба.

Визбата има користено средства од ИПАРД програмата.

Tradicijata ja neguva Majka -tradicija

Loading