ПРИКАЗНИ ЗА КОРЕНИТЕ И ТРАДИЦИЈАТА НИЗ 12 МЕСЕЦИ

Прилеп е привлечна дестинација за културен туризам

– Популарниот Фестивал на пивото, Џез фестивалот, Карневалот, Театарскиот фестивал се магнет за посетителите

Pretstoi 16-toto izdanie na kanrevalot Procka

Етно – културниот идентитет на Прилеп изразен преку културното наследство, црквите, манастирите, археолошките локалитети, музеите и фолклорната традиција заедно со неговата урбана култура, го прават да биде единствен на Балканот. Популарниот Фестивал на пивото, Џез фестивалот, Карневалот, Театарскиот фестивал, како и останатите културни случувања со полн сјај, ја раскажуваат приказната за прилепското живеење и се причина повеќе, Прилеп да биде привлечна дестинација во секој дел од годината.

– Одделението за култура, покрај тоа што е одговорно за организирање на  културните манифестации, ја подготвува и програмата за институционална и финансиска поддршка на установите на културата, проектите кои се од значење за општината во областа на културата, музејското и библиотечното работење; изработува програма за  негување на фолклорот, обичаите и другите културни вредности; програма за одбележување на значајни настани и личности од историјата, ги следи и проучува законите од областа  на културата на локалната самоуправа и остварува соработка со граѓанскиот сектор што работи на полето на културата, со кој заеднички ги реализираме активностите  предвидени во годишните програми – објаснува Снежана Ристеска, советник за култура при ЛС.

Dzez vikend

Манифестацијата, Денови на Крали Марко, го промовира Прилеп како град каде што живеел легендарниот крал Марко и место со богата културна понуда, а се одржува секоја година во месец мај со што се одбележува годишнината од смртта на Крал Марко во соработка со училиштата од Прилеп. Се постави и споменик на Крал Марко во строгиот центар на градот дополнувајќи ја целосната слика за сите посетители и добронамерници.

Исто така, Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски” повеќе од четири децении го чува, го негува и пренесува македонското изворно богатство. Единствен е на Балканот од ваков тип, а изминатите 42 години, на овај значаен фестивал се претставиле над 10.000 музичари од целиот свет. Фестивалот се одржува на две локации, во Прилеп и во Долнени во почетокот на јули.

Во организација на Општина Прилеп, секоја година во манастирот Св. Илија, во близина на селото Витолиште, се одржуваат и Мариовско-мегленските културни средби кои го негуваат фолклорното и културното наследство на регионите во присуство на повеќе граѓани на Прилеп и Македонија, локалното население, како и учесници во богатата културно – уметничка програма.

– Сепак летниот период го одбележува најголемиот туристички настан во Македонија, Фестивалот на пиво, со рекордна посетеност на домашни и странски гости, кои четири фестивалски денови уживаат во ладното пиво, скара и во концертите на популарни музички ѕвезди од овие простори, кои се дел од културната програма на фестивалот – вели Ристеска.

Богатото културно лето кое изобилува со настани, изложби, концерти се заокружува со Џез Фестивалот, последниот викенд во август на летната сцена на ЦК „Марко Цепенков”.

– Прилепскиот Џез Викенд го промовира џезот и импровизираната музика во Македонија. Затоа стана еден од најзначајните културни случувања во нашата земја. Со квалитетната програма, ненаметливост и оригиналност, собрано е  вниманието на целиот регион. Во музичката програма минатите пет години настапија најдобрите имиња од македонската и европската џез сцена на задоволство на сé побројната публика и оставија значаен белег во креирањето на фестивалската историја. Програмата за наредниот Џез викенд е веќе во подготовка и наскоро ќе биде објавена – вели Ристеска.

Есента е резервирана за многубројните празници кои Општина Прилеп ги одбележува со пригодни свечености, културно – забавна програма, како националниот празник 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ, 3 Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп и Свети Никола, патрониот праник на градот и домашна слава на многу прилепчани. Домаќините секоја година поставуваат богата посна трпеза за сите граѓани и гости во центарот на градот, проследена со свечена литургија и културно – уметничка програма.

Во 2016 година во центарот на градот се постави и споменик на Методија Шаторов – Шарло, значајна личност од македонската историја, а во наредните години планиранни се изработка на спомен – обележја на Мирче Ацев, Симбол на Битката на Ножот, и 5 бисти на народни херои во Алејата на Паркот на Револуцијата.

Iljadnici posetiteli na Pivofest

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ПРОЧКА

Годинава, Меѓународниот карневал Прочка е на 25 и 26 февруари кога се очекува да настапат повеќе учесници со групни и поединечни маски од земјава и од соседните држави.

– Пријавувањето е во тек, а пријавите може да се најдат на интернет страницата на карневалот њњњ.карневалприлеп.мк. Карневалот претставува спој на традицијата и модерното. Затоа е еден од најзначајните настани. Брендот Прилепските Мечкари,  ги негува старите обичаи, претставувајќи врвна туристичка атракција, која го презентира нашето културно наследство на национално и меѓународно ниво. Настапите во Хрватска (Сплит), Словенија (Птуј), Грција (Воден), Бугарија (Перник) и на други места, останаа забележани од локалното население и извршија силна промоција на градот и неговото нематеријално културно обележје. Лани Прилеп, во чест на 15 годишнината, издаде монографија под наслов „Духот на Проштени поклади”, каде се собрани сите обичаи поврзани со овој верски празник, како и големата карневалска приказна, која го стави Прилеп во европското семејство – вели Ристеска.

Detskite maski najinteresni

Ѕвезди на Патеката на славните

Комисијата за одбележување на значајни личности и празници при Советот на Општина Прилеп, на свечената седница по повод 3 Ноември доделува плакети и дипломи за најуспешните правни и физички лица од Прилеп во различни области. На овај значаен ден од историјата, градот поставува и ѕвезди на Патеката на славните, како траен спомен за истакнати личности од областа на културата и уметноста. Лани се поставија ѕвездите на Блаже Алексоски -Глумецот, Љубен Димкароски и Петар Башески. 

Loading