РЕНОВИРАНИ ОЧНО И УВО, НОС И ГРЛО

Во болницата

Bolnickite oddelenija vo novo   ruvo

Завршено е реновирањето на одделението за очни болести во општата болница “Борка Талески”. Комплетно се реновирани болничките и лекарските соби, кабинетите и оперативниот блок, заедно со салите од одделенијата за уво, нос и грло и максилофацијалната хирургија. Монтиран е нов најсовремен оперативен стол, што е донација на Витаминка и Прилепската Пиварница.

Болницата го менува ликот и за брзо време комплетно ќе бидат подобрени условите и за пациентите и за персоналот. Така се видливи ефектите од издвоените 70 милиони денари од Владата за реновирање на на оваа здравствена установа.

Значајно е тоа што една голема општина како Прилеп со регионот, добиваат современи услови за квалитетна здравствена заштита и поголема доверба на пациентите кон персоналот.

Loading