ЛЕСЕН СОН И ПРОШЕТКИ РААТ

Сикјурити МК

Bezbednosta vo sugurni race - Del od timot na Sikjuritei MK

Сé повеќе прилепчани и фирми безбедноста на имотот ја доверуваат на Агенцијата за обезбедување имот и лица со искуства и репутација во областа на заштитата, Сикјурити МК на Љупчо Кафеџиоски. Луѓето се определуваат и не сакаат да стравуваат, стекнатиот капитал во работниот и животниот век да биде оставен во опасност од крадци и само на клучеви и брави, туку  безбедноста да биде пренесена на сериозна компанија која ужива реноме во својата област. Едноставно, гајлето го бери професионална фирма, додека сопствениците слободно спијат дома, не водејќи грижа за својата фирма, компанија, работилница, погон или фабрика или додека уживаат во некое туристичко патување низ светот.

Токму за нив постои Сикјурити МК. Низ 14 годишниот подем изградена е фирма со повеќе од сто стручни работници и модерна техничка поддршка. Затоа, стотици фирми и граѓани не само од градов, туку и од Куманово и Демир Хисар, искушенијата за безбедноста ги доверуваат во сигурни раце. Тенденцијата на нагорен од продолжува со барањата за брзи интервенции преку возилата кои се очекува при движење во сообраќајот да имаат предимство и третман на посебни автомобили како итната помош, полицијата или противпожарните возила.     

Приказната за Сикјурити МК почнува со ангажманот на Кафеџиоски, дипломецот од првата генерација на Факултетот за физичка култура, во отсекот боречки спортови, и репрезентативец во карате, во обезбедувањето во Витаминка.

– При работата открив дека овој бизнис има иднина. Со формирањето на Комората за обезбедување во 2001 година се отворија законски можности да се легализира оваа дејност. Со полагање на испит за обезбедување во 2003 година е формирана Сикјурити МК – вели Кафеџиоски. 

Агенцијата нуди физичко, техничко и патролно обезбедување. Тоа значи обезбедување на лица, домови, фирми, секаков вид свечености, обезбедување на различен вид на манифестации итн.

– Патролата е на располагање 24 часа. Сикјурити МК располага со современ мониторинг центар. Ние сме од првите кај каде лицата за обезбедување се задолжени со огнено оружје. Располагаме со ИСО стандарди и лично поседувам меѓународна лиценца ИББСА – раскажува Кафеџиоски.

Дел од  персоналот за обеџбедување е од женскиот пол. Доста од вработените покрај лиценца имаат и високо образование.

Loading