НАД 120 ХРАБРИ НУРКААТ ПО СВЕТИОТ КРСТ ВО БАЗЕНОТ САЛИДА

На 19 јануари е празникот Водици

Во 19 јануари во 12 часот во водите во базенот од хотелот Салида ќе се фрла ветиот крст за празникот  Водици. Од година во година, расте  масовноста кога во студените води скокаат и верници, меѓу кои има и момчиња и девојчиња. Годинава храбри ќе бидат над 120 сограѓани од различни возрасти. Ним не им смета студот да се нурнат во камен студените води. Срцето им гори во потрагата по среќата која ја носи симболот на христијанството, светиот крст. На утро се одржува света литургија кога во дворовите во црквите се пуштаат гулабите кои асоцираат на Светиот дух. 

Во спомен на Христовото крштевање, црквата го воспоставила празникот Крштевање на Господ Исус Христос, односно Богојавление – Водици. При крштевањето се јавиле пресвети Тројца: Богот Татко од небото зборувал за Синот кој се крстил: Синот Божји се крсти од Јован, чин што го видел Богот Татко, а Светиот Дух од височината слетал како гулаб, потврдувајќи го гласот на Таткото.

Се верува дека Богојавление е празник што ги исполнува желбите на луѓето кои му се обраќале при отворањето на небото. Водите за миг престанувале да течат и биле лековите. Крстената вода добива моќ и се благословува: “Како што помина овој чесен крст, годината да е чесна и бериќетна, како што капи капка вода, така да капи сребро и злато и да се роди бериќет”.

Водици е еден е од најголемите христијански празници каде што Бог ги потопи и очисти гревовите од целото човештво во водите Јордански. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на нашата огревовена природа и на целиот космос преку вода и Дух.

Loading