СТАРА ЦЕНА НА ВОДАТА ДО СЕПТЕМВРИ?

Сметките за вода на крајот на месецов нема да бидат повисоки за 33,9 отсто. Дознаваме дека можно е до септември да пиеме вода по стара цена. Локалните власти ќе ги искористат сите законски можности цената на водата да не се покачува според инструкциите на регулаторната комисија за енергетика, под чија надлежност се и тарифите за вода.

Пред Нова година директорот на Водовод и канализација Игор Гулабоски соопшти дека регулаторната комисија порачала да се зголеми цената на водата. Корекцијата се прави секои три години.

Советот на општината треба да даде согласност за новата цена. Дознаваме дека засега нема шанси Советот да даде виза за “посолена” вода. Ќе се искористат законските можности да пиеме поевтина вода.

– Нема да дозволиме нов удар по џебот на граѓаните. Водата нема да поскапи. Постојат законски можностие водата да биде по старата цена 270 дена. И ќе биде – вели претседавачот на Советот Дејан Проданоски, не соопштувајќи дали со тоа ќе се загрози финансиската состојба на ЈП.

Според законот, регулаторната комисија му дава рамка на ЈП за зголемувње на цените. Овојпат најниска беше 33,9 отсто. ЈП од земјава бараат промените на цените да се носат секоја година, а не еднаш за 3 години.    

Loading