КОКТЕЛ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА БУБРЕЗИТЕ, ЦРНИОТ ДРОБ И БЕЛИТЕ ДРОБОВИ

Една мешавина може да ги направи гланц бубрезите, црниот дроб и белите дробови… Тоа е коктел против бактерии и нечистотија во телото. Така ќе се грижите за своето здравје, енергија и виталност! Секој ден пијте го овој коктел  една недела и веднаш се забележуваат резултатите.

Содржи пробиотици и пребиотици одговорни за здравјето на цревата, од кое пак, зависи и здравјето на целиот организам.

Потребни се 1 мандарина, 50 гр. ореви, парче ѓумбир колку палецот, грст грозје, голем морков, 3 лажици кефир или јогурт пробиотик и 300 мл вода. Намирниците се мијат, се лупат и се сечат на помали парчиња. Се ставаат во блендер и се додаваат оревите, јогуртот и водата. Препорачливо е грозјето да биде органско, но ако го нема, добро нека се измие. Се миксира додека се изедначи во хомогена и мазна смеса. Складирајте го во стаклено шише и чувајте го фрижидер.

Се пие по една чаша, половина час пред секој од главните оброци. За оние кои се на диета, чаша од коктелот може да замени вечера.

Loading