СПОНЗОР ОД АВСТРАЛИЈА

ФК Врбјани

Малите клубови не се оставени сами на себе. Пример е фудбалскиот клуб Врбјани. Обновен е по 10 години по заслуга на Игор Цветкоски. Иницијатор е и спонзор со фирмата МКД Транспорт од Австралија. Плановите се долгорочни. Наскоро најавува реконструкција на игралиштето, со соблекувални и рефлектори. Целта е да се создадат оптимални услови во ова место каде фудбалот е со долга традиција. Со играчите работи стручен кадар и може во блиска иднина да се очекуваат резултати. Постепено ќе се чекори кон повисоките рангови.

Есенва, Врбјани има еден пораз и две нерешени во Б лигата на ОФС Прилеп.

Loading