АДРЕНАЛИН И НАГРАДИ СО ЏИПОВИ

Miliseski i  Cuparkoski na tronotЕдинствените двајца прилепски учесници на Оф роуд трката кај Струмица, Панчо Чупаркоски и Лало Милошески, се вратија од градот под Царевите Кули со две одличја. Двајцата ем се наполнија со адреналин, ем ги надминаа околу 50-те ривали во трките на теренски возила. Највешт и прв беше Чупаркоски во категоријата до 2500 см3. Со Нисан Патрол, тој постигна најдобро време и покажа умешно возење на патеката низ прашина, кал и камења. Секунди го делеа од првото место Лало Милошески во категоријата до 3000 см3. Со својот џип Нисан Терано успеа да го заземе второто место.

 

 

 

 

Mok i vozbuda na prirodnite barikadiНеодамна десетина меркалии на четирите теренски гуми на тркалата од Прилеп трагаа по авантури низ грмушките и шумите, доловите и карпите кај нивните “сродни души” во кичевско.

Loading