ПРОШЕТКА НИЗ ОПШТИНАТА И РАКУВАЊЕ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

opstinaОсновци и средношколци, меѓу кои и извидници, спортисти, го пречекорија прагот на општината да се прошетаат низ неа. На отворениот ден за граѓаните, иако организиран веќе 17 пат, некои стапнаа првпат, а децата имаа можност одблиску да се запознаат со работата на локалната власт и да се ракуваат со градоначалникот Марјан Ристески. Ги разгледаа сите простории и сектори, а посетата ја “крунисаа” со проекција на филм за сé она што досега е направено за градот и граѓаните.

Loading