СЕ УРЕДУВА ТРЕМОТ НА ЦРКВАТА

Во Штавица

crkvataСо донација од Мермерниот комбинат ќе биде уреден тремот на црквата “Рождество на Пресвета Богородица” во селото Штавица. Во ова населено место, постојано има посетители. Вриеше како во кошница црковниот двор за големиот христијански празник, посветен на раѓањето на мајката Божја. За Мала Богородица, во Штавица се почитува долгогодишната традиција со сите верски обичаи да се одбележува големиот христијански празник. Градоначалникот Марјан Ристески беше меѓу мештаните и гостите во Штавица низ која сега има асфалт.

Ристески по повод празникот, ја посети и црквата “Успение на Пресвета Богородица” во манастирскиот комплекс Трескавец, каде присуствуваше на Светата Божествена Литургија.

Loading