МЕЃУ ДВЕ ЕЗЕРА

EzeraЧетириесетина планинари на Картуш не можат да одолеат од страста за викендите да побегнат од градскиот асфалт и да не ја загрнат планината. Последниот поход низ природата беше насочен кон Галичица. Националниот парк меѓу Преспанското и Охридското Езеро секогаш е предизвик и донесува невидени доживувања. Секоја нова средба со Галичица е неоткриена убавина на планината во чија утроба се мешаат водите на двете езера. И врвот Магоро, иако е гол, пуст без вегетација, поради височината од 2250 метри, падна под нозете на неуморните трагачи по возбуди низ камењата, карпите, низ шумити со борови, елки, дабови и буки.

– Панорамата на едното и другото езеро од под облаците не остава никого рамнодушен, туку носи воздишки – велат планинарите, кои нагоре и надолу минале шест часа пеш.

Loading