ФАБРИЧКИ ОЏАК БЕЗ ЧАД

PartizanДва оџаци од фабриката Партизан, некогаш чаделе при изработка на тули за термо печки од специјална дијатомејска земја која со вагончиња се носела од рудникот кај селото Манастир во Мариово. Ситно зрнестата песок, пропуслива, со силициумска материја, имала висок степен на апсорпција и мала спроводливост на топлина. Таа материја донесена со жичница над 30 километри, се оформувала, се печела и се претворала во изолациски тули за печки и котли за железарници и термоцентрали, каде температурата минува илјада степени.

Партизан банкротира одамна. Останаа само спомените на луѓето на никнувањето на оџаците пред 60 години, кои најавуваа индустриски бум.

Оџаците се градени со специјални тули. Во форма на вртлог, широки се во основата, а потоа се извишуваат и се стеснуваат кон небото. Високи до 40-тина метри. Оџакот не испуштил црн чад одамна.

Во дворот сега има разно-разни фирми. 

Loading