МАРАТОНЦИ НА 60 ГОДИНИ

Атлетика

kmtНад 170 тркачи од Македонија, Турција, Хрватска, Србија, Бугарија, Велика Британија и САД се подготвени за Меѓународните планински трки “По стапките на Крали Марко”, кои викендов стартуваат од Варош кон три дистанци. Најдалечната е до Козјак и назад во должина од 65 километри. Пријавени се 56 маратонци, меѓу кои највозрасен со 53 години е скопјанецот Петар Герасимов. Втората е долга 31 километар до Езеро и назад, а ќе трчаат 48 атлетичари. Најстар е 53-годишниот Иван Трс од Хрватска. Третата трка е најкуса до манастирот Трескавец и обратно со 16 километри. Овде конкуренцијата е најсилна, со 81 учесник, а највозрасните се во седмата деценија, Глигор Ивановски (62) од Скопје и Кирил Рамбабов (64) од Штип.

Предвидена е и Детска трка од 3,5 километри.

Loading