РЕЦЕПТ ЗА ПОБЕДА НАД ГОЛЕМИОТ ПЕЛИСТЕР

Томче Петрески

taktikaРезултатот од 26-21 говори за одличниот старт на суперлигашката сезона на екипата на Прилеп, најмногу поради тоа што е постигнат над најголемиот ривал, битолски Пелистер. Заслугата е на сите ракометари, а за рецептот по кој се играше компетенцијата е кај тренерот Томче Петрески.

Гостите поведоа со три разлика, на полувреме нерешено, а по одморот ги разбивте?

– Не беше едноставно против големото име – Пелистер. Почнавме несредено и малку нервозно. Ни требаше адаптирање на атмосферата. Понатаму се подобро го спреведувавме договореното. Знаејќи дека имаат бедем од корпулентни играчи, баравме одговор со нашиот напад. Начинот е во едноставно решение, кога одбраната не е поставена, туку разместена во контра, полуконтра, продолжение на полуконтра… Секој тим бара полесен пат до голот во современиот ракомет.

Удиравте по нивните слаби точки?

– Имаа нов играч, неподготвен, игравме и на таа карта. Кога напаѓаа, затворавме на средина. Анализиравме дека таму се најсилни, водени од Дрогришки. Успеваа неколкупати по крилата, но главното нивно оружје беше затворено. Кај нас недостигаше десен бек левучар, но се покажа дека е решлив проблем, кога се игра квалитетно, брзо, со точни, осмислени акции.

Екипата оди во вистинска насока?

-Задоволни сме од изборот на засилувањата. Составивме солиден тим. Се придржуваат на тактиката, со исклучок на моменти. Уште треба да се влезе во начинот на размислување и да се ослободиме од некогашната југословенска школа. Шутерски можеме да напредуваме. Од меч во меч треба да се стремиме до играта која ја посакуваме – смета Петрески.

Довербата ја оправдаа: Раичиќ (15 одбрани), Божиновски (4), Шаренац 7, Петкоски 5, Турченко 5, Ѓорѓиески 3, Секулиќ 2, Андреиќ 2, Ангеловски 1, Бозароски 1, Тодороски, Спасески, Петрески, Стефаноски, Талевски и Јанески, пред кои е гостувањето на Борец во Велес, тим кој дома го совлада Металург 2.

Loading