ЛЕВАНДОВСКИ ОД КРУШЕАНИ

Фудбал

napredokПолјакот Роберт Левандовски во дресот на Баерн даде пет гола за девет минути, а нешто слично на тој бундеслигашки рекорд постигна фудбалерот на Напредок Крушеани, Пеце Начески. Иако во најниската, општинска лига, овој случај вреди внимание со трите гола за пет минути на мечот против Младост Кривогаштани.

– Мрежата ја тресев меѓу 30 и 35 минута. Прво по акција на Крстески начекав центаршут од Базеркоски, потоа двапати пресече Крстески, а јас го лобував голманот за 3-0. Победивме со 4-1, исто колку на вториот меч со Динамо Мажучиште, каде еднаш бев стрелец – вели Начески.

Цело Крушеани е на нозе и очекува триумф на Напредок на следниот дуел со Питу Гули во Крушево.

Loading