ПОЧИТ ЗА ПАТРОНОТ

ОУ Добре Јованоски

patronОУ “Добре Јованоски” е пример за соживот и успех во образовниот процес кој со генерации го негуваат учениците од македонската и ромската популација кои живеат во населбата Тризла. Дека се сплотени, единствени и еднакви покажаа и со програмата која заедно ја подготвија да го одбележат патрониот празник. Постојано испраќаат пораки за соживот, толеранција и мир низ креативни манифестации и перформанси во кои учествуваат сите ученици.

Дека има топла, срдечна и работна атмосфера, а заедничкиот именител кој ги обединува е стекнувањето на подобри знаења, се покажа од извонредните изведби на свечената програма, креирана од учениците, а под менторство на наставничкиот колектив од ОУ “Добре Јованоски” координирани од директорката Виолета Лашкоска. Настапот на учениците беше награден со бурен аплауз од родителите и гостите, а во кој срдечно учествуваше и градоначалникот Марјан Ристески и советникот за образование Марјан Матракоски.

Претходно, во знак на почит, со свежо цвеќе беше закитена бистата на херојот во училиштето. Градоначалникот, честитајќи го празникот, потсети на досегашните инвестициски вложувања во училиштето, кое наскоро ќе добие нова спортска сала, а планирано е и доуредување на училишниот двор.

Loading