ОУ Гоце Делчев
Учениците од ОУ “Гоце Делчев” постигнаа повисоки резултати од оние на државно ниво по читање и решавање математички задачи во проектот “Со читање до лидерство”.
Преку стандардизирани инструменти за проценка на јазичната и математичката писменост, тестиран е примерок на ученици и избран по случаен избор во две учебни години (во второ и трето одделение) и споредени се постигањата на учениците со државните постигања. Гоцеделчевци постигнаа повисоки оценки од оние на државно ниво. Резултатите се показател за успешноста по читање и решавање задачи и подоцна во животот.
ОУ “Гоце Делчев” е едно од 103 училишта, вклучени во проектот “Со читање до лидерство”, спроведен од Фондацијата за образовни и културни иницијативи “Чекор по чекор”, во соработка со Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар.