ГЕРМАНСКИ ЛЕБ ЗА СЛАБЕЕЊЕ ПРИ СПИЕЊЕ

Во  Џулијано промет

Оригинален ѓеврек по баварски рецеп и крофни од увозна мешавина

Четвртина бурек и бакшиш јогурт

Порачка на телефон, испратена дома за најмногу еден час           

TradicijaСо традиција од над 40 години фирмата за производство на бели печива Џулијано промет од неодамна отвори нов современ, втор, продажен и производствен  објект во Старата чаршија. Во модерниот амбиент во западен стил, веќе раскошната понуда од стотина печива со различни вкусови, форми, големини и начини, замесени од искусниот мајстор Пеце Дамески, збогатена е со неколку бели печива подготвени по германски рецептури и материјали. Станува збор за крофни, направени исклучиво од германска мешавина на брашно, наполнети само со нутела крем. Потоа, во палетата е понуден германски диетален леб, во кој нема брашно, туку готова мешавина за леб, кој со подготовката се конзумира и се слабее додека се спие. Дел од 18 работници, поучени од синовите, усовршувани во Германија, ги произведуваат и оригиналните баварски ѓевреци, насолени со специјална увезена експандирана сол како снегулки. Дека ѓевреците се уникатни, сведочат муштериите од странство кои не ги разликуваат вкусовите на прилепските од германските.

Наследникот на познатиот мајстор Миле Дамески – Џулијано е задоволен од двомесечното деби во чаршијата, во дуќанот без клуч, односно која работи 24 часа.

– Го приширивме бизнисот со нов асортиман на диетални бели печива, одржувајќи ја класичната понуда. Бидејќи најмногу се конзумира бурек, понудивме бесплатна чаша јогурт со секоја четвртинка. Во печивата можат да се најдат и овошни полнења,  џемови, вишни, јаготки, јаболка, ванила, чоколада и печива со шунки, кашкавали, сирења, зденки, кајмак, маслинки, изварка, пици…Се задоволуваатсите вкусови. Муштериите заминуваат со ќеф и со полни раце. Примаме порачки и испорачуваме дома печива, најмногу за еден час. Додека се раскомотат гостите, ќе стигне закуската на трпезата – вели Пеце Дамески, кој со брашното, тестото и печивата живее 35 години.

Се радува што неговите деца постепено влегуваат во бизнисот. Размислуваат  за иновоции. Планираат секој месец да се воведуваат нови печива со други вкусови, како во витрините на пекарниците надвор од нашите граници.  

 Инаку, Џулијано промет ја одржува клиентелата со висок квалитет на понудата на кифли, буреци и сите други новини меѓу печивата и во објектот во Точила, кој истоа така е реновиран.  

Loading