МЛАДОСТ ЗАМЕНА ЗА Ц. ЅВЕЗДА

Трета

Најдено е брзо решение за испразнетото место во Третата лига – Југ, после откажувањето на Црвена ѕвезда од Јосифово. Замена е Младост од Удово, тим кој почна од 3. коло, со триумф од 1-0 дома над фаворитот Борец. Најавено е дека ќе ги одигра мечевите од 1. и 2. коло, против 11 Октомври и Партизан Обршани. Претходно на неважечките натпревари Ц. ѕвезда загуби со 2-8, потоа не отпатува во Обршани. На најновите дуели 11 Октомври ја оправда фаворитската улога совладувајќи ја со 2-5 Зорбас Победа, додека Партизан со превисоки 6-2 загуби од Тиквеш. В недела 11 Октомври – Победа В.

Табела: Вардар 9, Тиквеш 7, Победа В. и Д. Езеро по 6, 11 Октомври 4.

Loading