Стрелаштво
Како што не можат да се замислат фудбалери без терен, така неможно е опстојување на прилепските стрелци без стрелиште. Состојбата е алармантна подолго време, пет – шест месеци. Станува збор за клубовите Нишан, Стрелец 09 и Мета 10. Порано користеа импровизирани стрелишта во Универзална и во зградата на Социјални грижи, а сега се буквално на улица.
– Гревота е околу 20 млади да стагнираат, а имаат дар и перспектива. Бараме од надлежните да помогнат – вели Славчо Трајкоски, тренер на Нишан.
Во вакви услови Викторија Тренческа низ резултати доби стипендија од АМС.
![]()

