РИСТЕСКИ ГО ЧЕСТИТА КУРБАН БАЈРАМ

adetiГрадоначалникот Марјан Ристески им го честита празникот Курбан бајрам на жителите од муслиманска вероисповед кои живеат во населбата Тризла и во селото Канатларци.

Таткото на градот при посетата рече дека за време на верските празници се истакнува заедничкото уважување на сожителството, почитта кон различните култури, традиции и обреди.

– Верските празници се можност да се покаже толеранција, добри дела и љубов едни кон други, карактеристично за ова поднебје, каде децении наназад се уважувале и почитувале разликите. Тоа сигурно останува наша заедничка и трајна определба” – истакна Ристески.

Курбан бајрам доаѓа 70 дена по Рамазан бајрам. 

Loading