Бокс
Меѓународниот турнир во Приштина, Косово, беше мошне успешен за боксерите на клубот АС. Во категоријата до 60 килограми Бобан Богданоски и до 45 кг. Трајче Илиоски се закитија со сребрени медали. Тие во финалињата загубија од домашните претставници Патриот Бехрами и Рон Коколари. Оставија одличен впечаток за стручнаците, кои доделија дополнително признание на Илиоски за најперспективен боксер.
На овој начин се исплати макотрпната работа на тренерот Ѓорѓи Чатлески.