Пинг – понг
Пингпонгарската сезона почнува на 27 септември со првото коло. Градов има два претставника. Во Супер лигата Младост на стартот е домаќин на скопскиот Телеком. Поради оштетената пинпонгарска сала, мечот најверојатно ќе се игра во гимнастичката сала од ДГС Партизан. Младост е засилена со 11-кратниот државен шампион Миле Петрески и најавува атак на едно од првите три места на табелата. Останати ривали во лигата се Вардар, Работнички (Скопје), Гоце Делчев, Шампиони (Штип), Радовиш и Струга. Во вториот ранг, Прва лига, учествува Младост 96, а во 1. коло гостува на Мултитекс во Битола. Останати противнички екипи во лигата се Дебар Маало, Ѓорче Петров, Пошта 2, Студент (Скопје), Кочани и Куманово.
Градов нема претставници во Втората машка и во Женската лига.