Историја
Дуелите меѓу Победа и Вардар биле чекани како најголемиот празник. Во 1970 г. стадионот се преполнил. Најбрзите фатиле места, а останатите на земја или цело време стоеле. Пред шалтерите била мешаница и благајникот ги триел рацете. Се продавале два вида билети – жолти и бели. Белиот бил државен билет и важел за двајца. Чинел 100 динари. Клубот повеќе продавал жолти да избегне расходи за државна и спортска такса.
Имало импровизирано обложување кое кулминирало пред дербито. По кафеаните, градските маала, најголемиот влог бил 30 илјади динари. Речиси сите типувале на триумф на Победа, најчесто 3-1. Никој не погодил, оти било 0-2 за Вардар.