ЕДНА ЛИГА

Жени

Поради намалувањето на клубовите, од есенва наместо две ќе има само една женска ракометна лига. Според тоа отпаѓа дилемата каде ќе учествува екипата на Жито Прилеп. Единствената лига е со осум тима и малку неочекувано само три се од Скопје: Ѓорче, Вардар јуниор и Металург. Останатите се Овче Поле (Свети Николе), Пелистер (Битола) Кичево, Куманово и Жито Прилеп. Во првото коло на 3 октомври Жито Прилеп е домаќин на Куманово. Дотогаш екипата на Жане Дисоска ќе игра пријателски мечеви. 

Loading