БАЛЕТСКА ПРЕТСТАВА ПЕТАР ПАН

Во ЦК Марко Цепенков

Вторник, 22 септември, од 19 часот, по подолг период, ќе гостува ансамблот на Македонската опера и балет, кој за основците ќе ја изведе балетската претстава “Петар пан”, во кореографија на Џејмс Амар.

Балетската претстава раскажува за лик создаден од шкотскиот романописец и драматург Џ.М. Бери.

– “Петар пан” е приказна за палавото момче кое може да лета и одбива да расте. Детството го минува во авантури на малиот остров Недојдија, како лидер на неговата банда заедно со сирени, Индијанци, самовили, пирати и одвреме навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет- велат од ЦК „Марко Цепенков“.

Loading