„ОГНЕН“ НА МДС НА СЦЕНА

На 24 септември

„Огнен“ од Горјан Милошевски, во режија на Марио Стојаноски е новата претстава на Младинското драмско студио – „Театар чин 4 – сцена 5“, при ЦК „Марко Цепенков“ што премиерно ќе биде прикажана на 24 септември, од 20 часот во големата сала.

– Текстот е брз, енергичен, како младите. Содржината проектира со силна натуралистичка слика на општеството во транзиција со голем егзистенцијален прашалник. Станува збор за лажни односи, родителски грешки, користољубивост, но и чисти емоции – вели режисерот Марио Стојаноски.

Во современата експлозивна претстава играат Давид Папазоски, Борче Василески, Сара Спиркоска, Надица Дојкоска и Виктор Мирчески.

Loading