ХУМАНИТАРНО СПОРТСКО ДРУЖЕЊЕ

DzudotoПод мотото “Сите деца се исти”, џудо клубот Бушидо и децата со посебни потреби од здружението Порака, заеднички тренираа. Во несекојдневната спортска активност, џудистите им ги демонстрираа вежбите, а потоа децата со нивна помош пробаа самите да ги изведат, за што беа наградени и со благодарници. Како резултат на соработката, членовите на “Порака” се здобија со членски книшки за бесплатни тренинзи и вежби со цел двочасовното дружење на сите деца да стане секојдневние кое ќе им го разубавува животот.

Како општествено одговорна компанија, Комфи Ангел ја поддржа манифестацијата.  

Loading